Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прослави 65 – ти роденден.
Вицепремиерот Груби роденденот му го честита на Фејсбук, објавувајќи видео на кое се гледа Ахмети во канцеларијата на првиот вицепремиер Артан Груби и тоа распеан со жива музика.
До него стојат тројца музичари на тамбурчиња, еден гостин кој пее заедно со Ахмети и секако Груби во улогата на фотограф.
„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството на неговите плеќи, денеска полни 65 години“, напиша Груби на Фејсбук.