(ВИДЕО) Иран: Бомби разнесоа колона луѓе, повеќе од 100 мртви

Од:

Најмалку 103 лица загинаа во иранскиот град Керман, каде одекнаа експлозии на патот што води до гробницата на генералот Касем Сулејмани, јавува Sky News.

Локалните власти соопштија дека се работи за терористички напад.

На местото на несреќата пристигнале голем број возила на брза помош, а повредените се пренесени во локалните болници. „Њујорк тајмс“ наведува дека 141 лице се повредени. Сите се префрлени во болници.

Медиумите додаваат дека маси луѓе ги блокираат улиците, а безбедносните сили се обидуваат да ја рассчистат областа.

Еден од сведоците наведува дека експлозивната направа била ставена во корпа за отпадоци, пренесува Ал Џезира.

Сулејмани ги предводеше иранските сили Кудс две децении и ги предводеше надворешните операции на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ). Тој беше убиен во американски воздушен напад во близина на Багдад во јануари 2020 година.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“