Eвропски сојуз за променa: За функционерите малку беше покачување на платите за 78 отсто, сега плус 400 евра

Од:

За функционерите малку беше покачување на платите за 78 отсто, сега плус 400 евра, а за граѓаните милостина од 2 илјади денари . Изнудувањето на народот во секоја можна форма е хронична болест на оваа власт. Без никаков срам ги лажат граѓаните и ги крадат. Сега кога се ближат изборите, власта почна предизборна кампања, манипулирајќи го народот со наводно антикризни мерки, со кои за само пет месеци на учениците ќе им се делат 1.200 денари (20€), 2000 и 3.000 денари на пензионерите , но бесрамното набрзо излезе на виделина, бидејќи од јануари, оваа актуелна власт на СДСМ, ДУИ и АА ги зголемува платите на нивните функционери со 24.000 денари плус, односно 400 евра, велат од Eвропски сојуз за променa.

Како што велат тие, ова зголемување на платата се должи на зголемувањето на просечната плата.

„Сепак, тоа се случува само неколку месеци откако Владата ги зголеми платите на државните функционери за 78%. А со неодамнешното зголемување, сега повеќето владини функционери ќе имаат плати од 2.500 до 3.000 евра. А замислете, се фалат што ја зголемиле минималната плата на 22.500 денари или околу 370 евра. Има ли поголем срам, има ли поголема изнуда, има ли поголема дволичност од оваа власт и нејзините функционери. Замислете после неколку месеци да излезат да го побараат гласот на граѓаните и бесрамно да кажат; гласајте за нас кои имаме плати од 3000€, а платата на народот е до 370€! Срам!

Европскиот сојуз за промени ги повикува надлежните институции што поскоро да го испитаат ова прашање и да изнајдат законско решение платите на функционерите да бидат во согласност со стандардот на граѓаните, а не со желбата на власта. Ако оваа Влада молчи, Европскиот сојуз за промени ветува дека штом ќе ја добие довербата од народот, во првите денови од неговото владеење со институциите, сериозно ќе го испита прашањето за месечните плати на државните функционери. Во тој случај ќе се создадат услови разликите да бидат во рамките на реалните можности, и ќе се продолжи да се работи на зголемување на платите на граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЕСП: Засега нема договор за коалиција со Алијанса на Албанците

Горан Наумовски

Европски сојуз за промена: Дали намерно се одолговлекува изградбата на патот Скопје – Блаце?

Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

А1он

Европски сојуз за промена: Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети

Европски сојуз за променa: Одлуката на Судскиот совет, силен удар за корумпираната власт

Садики-Шаини: Албанската опозиција не учествуваше на координација кај Џафери, почнуваме со бојкот на Собранието