Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

Од:

Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска попладнево во изјава за медиуми рече дека бебето, кое се здоби со повреда на раката при породување, е во добра состојба и дека се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа.

Јовановска денеска се сретнала со семејството на бебето и им објаснила како е настаната повредата.

– Им објаснував како е настаната повредата, дека тоа е можна и предвидена компликација, рече Јовановска, појаснувајќи дека ова може да се случи како компликација при попречена поставеност на плодот и дека мајката уште при прием била заведена како мајка со ризик.

Во случајов, како што рече Јовановска, родителите не прават проблем затоа што настанала фрактурата на коската, бидејќи се работи за втор царски рез после две години.

– Плодот е роден во одлична кондиција со многу добра оценка за виталност. По раѓањето, бебето било дадено на проценка кај педијатар. Педијатарот проценил дека се работи за лесна пареза. Таква пареза најчесто се повлекува за 24 до 48 часа, нагласи Јовановска.

Денеска се состанала и Комисијата формирана од страна на ГАК, која ја разгледувала историјата и првично е проценето дека нема стручна грешка.

Бебето беше родено во саботата, на 30 декември. Родителите се од Скопје.

Би можело да ве интересира

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

Акушерка исекла прст на новороденче: Суспендирана е, прстот на бебето ќе биде спасен

Анита Петровска Рајковиќ

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК