ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Од:

Власта предводена од СДС и ДУИ направи пустош во сите области, меѓу кои и во здравството. Грижата на луѓето во власта предводена од СДС и ДУИ е сведена само на грижа за нивниот сопствен џеб и за сопствените интереси. Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт направи пустош во здравството. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту опрема, ниту инфраструктура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Цената за негрижата на власта предводена од СДС и ДУИ ја плаќаат граѓаните. Цената за нивната негрижа која ја плаќаат граѓаните е многу висока. Особено скапо чини негрижата за постоечкиот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар. Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд.Токму поради сите нивни пропусти јавноста за многу краток период, период од една недела е сведок на ужасни вести. Скршена рака на новороденче, на новороденче му е исечен прст, починува новороденче, а потоа и мајката. Ова се само неколку вести за краток период, а сите се случиле на Клиниката за гинекологија и акушерство која е во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза во Скопје, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ