Путин со ново ветување: Војната се врти во наша корист, сакам брзо да заврши

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ги интензивира нападите врз Украина, јавува Би-Би-Си.

Говорејќи за време на посетата на воената болница во Москва, Путин рече дека војската ќе продолжи да ги гаѓа украинските „воени инсталации“.

Украинскиот воздушен напад врз рускиот град Белгород тој го нарече „намерен напад врз цивили“. Според локалните власти, во нападот во саботата загинале 25 лица.

Зборувајќи со руските војници, Путин рече дека војната се врти во корист на Москва и дека сака војната брзо да заврши, но само под условите на Русија.

Тој додаде дека западните поддржувачи на Украина се најголемата пречка за завршување на конфликтот, но рече дека нивната реторика почнала да се менува бидејќи почнале да сфаќаат дека не можат да ја уништат Русија.

Би можело да ве интересира

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“