Дваесетгодишник прободен со нож, три сообраќајки и 23 акутни интоксикации на Ургентен во Скопје

Од:

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23.

Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож. Тој е примен на Клиниката за торако-васкулара хирургија и е во стабилна состојба. Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба.

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.

-На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ беа извршени 103 прегледи од кои три беа од сообраќајни незгоди. Еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба. Имаше и три физички напади, еден пациент е примен на Клиниката за торако-васкулара хиругија. Се работи за убод со нож, но пациентот е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, изјави д-р Ерен Сејфула, ортопед.

Според д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија, бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година.

-Ноќта помина во најдобар ред. Го држиме порсекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години. Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан, информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.

Би можело да ве интересира

Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

„Што сте се фатиле за Бесија, не го прекршила законот “ – Министерот Демири ќе ги разреши сите, но директорката на Токсикологија не

Младеновска: Договорите за вработување на Токсикологија се сметаат за непотпишани, законот не предвидел казна за Иљази

A1on

Иљази за разрешениот директор: Петровски ја вработи снаа му, а не можеше биологот и 18 лица

A1on

Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина

A1on

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on