Украинскиот Парламент на предлог на претседателот Виктор Јанукович ратификуваше договор меѓу Украина и НАТО за учество на таа држава во операцијата Океански штит.
Одлуката ја поддржаа 331 пратеник од минимално неопходните 226 гласови. Со договорот Киев испраќа фрегата и хеликоптер како и група специјалци.
Во Аденскиот залив во близина на Сомалија активни се таканаречените пирати – модерно вооружени групи кои киднапираат бродови заради откуп.
Украина и претходно размени писма со намери со НАТО за учество во операцијата Океански штит. Украина ќе ги преземе сите трошоци за учество во операцијата.