Разорен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија околу 08:20 часот по наше време.
Издадено е предупредување за цунами, а се чекаат информации за штети и потенцијални жртви.
Breaking News A major earthquake occurred in Japan. Widespread shaking in Japan. A tsunami warning has also been issued. pic.twitter.com/3LbXJhE7DU
— 🇯🇵Naoemon Japan (@woiiw) January 1, 2024
Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, соопшти метеоролошката агенција. Бранови високи повеќе од еден метар веќе го погодија брегот на градот Ваџима во префектурата Ишикава, објави NHK.
На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа, наводно направени во моментот кога почнал земјотресот.
Earthquake in Japan today
pic.twitter.com/OrPZSc23JN— Breaking news and situation analysis (@kgvh6v) January 1, 2024
Локалните медиуми јавуваат дека има урнати згради, дека е причинета голема материјална штета на бројни објекти, а уништени се и многу патишта кои се отворија од силината на земјотресот.
Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и поради страв не им е дозволено да се вратат внатре.
日本地震后商店发生晃动
Store shaking in Japan as earthquake hit#Japan #Hokuriku #Japanearthquke #Tsunami #日本 #地震 #海啸 pic.twitter.com/gtTAko4Hk7— Meanwhile in China (@MeanwhileinCN) January 1, 2024
Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, според метеоролошката агенција. Бранови високи повеќе од еден метар го погодија брегот на градот Ваџима во префектурата Ишикава, објави NHK.