Ахмети: Да ја започнеме новата година со нови прогресивни амбиции

Од:

Во последните моменти од годината што ја оставаме зад нас, заедно ги одбележуваме успесите, предизвиците и тешкотиите со кои се соочивме и успешно да ја започнеме новата година, со нови прогресивни амбиции, порача претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој во честитката по повод Новата година истакна дека изминатата година ќе биде запаметена по реализираните проекти.

-Годинава ќе ја паметиме со почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект од осамостојувањето на државата, Коридорот 8, претседавањето со ОБСЕ, економското закрепнување со намалување на невработеноста, повисоки пензии, повисока минимална и просечна платa, со изградба на нови училишта, градинки, болници, универзитети, студентски домови, патишта…, истакнува Ахмети.

Според него, Европа треба да остане дестинација кон која ќе се стреми државата.

-Европа останува дестинација кон која решително го продолжуваме нашиот од во 2024 година, обединети во еден фронт и подготвени да ги придвижиме процесите напред. Во 2024 година ви посакувам да имате пред се здравје, мир, среќа и благосостојба во вашите семејни домови, вели Ахмети.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Влен: ДУИ е разочарана, пропадна планот да го поништат Законот за јазиците

Горан Наумовски

Реакција на ВРЕДИ на изјава на Ахмети: Ни „улицата“ нема да го спаси

А1он

Ахмети: Го цениме потегот на Таравари, тој брзо сфати тека оваа влада е антиалбанска

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини