Руски патнички авион по грешка слета на замрзната река

Од:

Руски патнички авион со 34 луѓе наместо на пистата слета на замрзната река на далечниот исток на Русија поради грешка на пилотот. Авион Антонов Ан-24 од советската ера на Polar Airlines денеска слета на замрзнатата река Колима во близина на аеродромот Зирјанка. За среќа, никој од патниците не е повреден, пишува Би-Би-Си.

Според прелиминарната истрага, се работи за грешка на пилотот, соопштија обвинителите. Во авионот имало триесет патници и четворица членови на екипажот. Летот PI217 полетал од Јакутск рано утринава и патувал за Зирјанка, оддалечена 1.100 километри.

Температурите во Зирјанка во овој период од годината може да се спуштат и до -40 степени Целзиусови. Обвинителите рекоа дека авионот слетал во реката и дека трагите во снегот покажуваат колку време требало да застане.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Мал авион ја промаши пистата на Хвар и удри во луѓе

Драма на небото: Авионот влетал во силни турбуленции, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници