Надлежниот архиереј на Дебарско-кичевската епархија и портпарол на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, митрополитот г. Тимотеј, доживеал срцев удар на вчерашната синодска седница и веднаш бил пренесен во болницата „Систина“.
По направените лекарски проверки тој бил пуштен од болница.
Митрополитот Тимотеј во телефонска изјава за Утрински весник ја потврдил веста и рекол дека се чувствува добро.
– Сега сум добро! Ми се слоши на седницата, имав напад. Ќе продолжам и со други испитувања, изјавил владиката Тимотеј.