ВИДЕО: Се решава статусот на 1.117 ангажирани во здравството

Од:

Владата донесе Одлука за одобрување на вработувања на неопределено време во јавните здравствени установи во земјава за вкупно 1117 лица.

Според премиерот Димитар Ковачевски кој ја соопшти веста, се работи за лица за кои установите доставиле податоци за вработување на приоритетен кадар.

– Сакам да им се заблагодарам на министритее за здравство и за финансии, Фатмир Меџити и Фатмир Бесими. Сакам да потенцирам дека луѓето се наша најголема вредност, тие имаат знаење и капацитет, тие се вредни и затоа оваа одлука ме прави задоволен. Нашите доктори докажаа дека можат тука во земјава да изведат најсложени операции. Овие одлуки се континуитет на одлуките кои ги носиме во здравството бидејќи задоволни здравствени работници значи и задоволни пациенти – рече Ковачевски.

Скратени се процедурите за ввработување во јавните здравствени установи за да се пополнат побрзо местата со пензионирање.

– Свесни сме за разикот за одлив на здравствени работиници правиме се за да ги задржиме тука. Ги зголемивме платите за 40%, покрај тоа ги зголемивме и надоместоците за дежурства, а во Буџетот за 2024 година се предвидени покачувања за сите во здравството – додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он