Зелен хуман град: Го одбиваме буџетот на Град Скопје за 2024 година

Од:

Годишен буџет со 46% намалени ставки за заштита на животна средина кога 5.600 луѓе во МК годишно умираат од загаден воздух и буџет без точно кои средства за кои проекти ќе се користат – ние одбиваме велат од Зелен хуман град.

Во прдолжение, соопштението од Зелен хуман град во целост:

Буџетот е круцијален документ кој МОРА да се носи во соработка со граѓаните и со советниците кои ги претставуваат нив. Тоа што ние сега го добиваме е документ изработен без никакво наше учество. За целото ова време додека најважниот документ за скопјани се составуваше зад затворени врати, на градските сектори им беше забрането директно да комуницираат со нас, советниците.

Зошто ЗХГ одлучи да не поднесува амандмани, туку во целост да го одбие овој штетен буџет? Затоа што од изгласаните амандмани ниту еден до сега не бил комплетиран, а поголем дел од нив никогаш ни започнати (буџет 2021: 27 поднесени, 1 прифатен, 0 остварени; буџет 2022: 33 поднесени, 5 прифатени, 0 остварени; 2023 година: 13 поднесени, 4 прифатени, 0 остварени).

Овој пат одбиваме да се радуваме на поднесени и изгласани амандмани, кои нема да бидат повторно спроведени од градската администрација. Одбиваме да ги разочараме граѓаните кои ни ја дадоа нивната поддршка надевајќи се на решение на најголемиот проблем на Скопје.

ЗХГ нема да го гласа овој буџет и неговите програми, додека не:

Се организира средба помеѓу секторите, градоначалничката и сите советници, и буџетот биде заеднички составен

Се добие т.н. „описен дел“ од буџетот каде што се гледа точно колку средства се планирани за секој проект поединечно

Се дозволи директна соработка со секторите, без потреба од присуство или зелено светло од градоначалник (нешто што ни следува според деловник)

Се комплетираат проектите започнати со амандмани од претходните 2 години

Се вклучат во буџет бројни и ефективни мерки за намалување на аерозагадувањето според барањата на ЗХГ

Можеби сме само 2 совеници од 45, но застапуваме 10.000 скопјани кои гласаа за ЗХГ. Тие, и сите останати заслужуваат преку директна демократија да учествуваат во креирање на буџетот на сопствениот град. Скопје заслужува да дише чист воздух!

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје

Зелен Хуман Град: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје

Ана Ололовска

Зелен хуман град до УСЈЕ: Никој не ви верува на провидните маипулации

Катерина Ѓуровски

Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот еко совет

А1он

Петровска: Не сум рекла да не се гласа за Шилегов

А1он

Петровска: Маја Морачанин не може да се соочи со фактот дека е губитник на овие локални избори

А1он