(ВИДЕО) Страшни бројки од Газа: 241 загинат во последните 24 часа, речиси 21.000 луѓе загинале во 11 недели борби

Од:

Најмалку 241 лице загинаа во изминатите 24 часа во Појасот Газа, а 382 се повредени, додека шест Палестинци загинаа рано утринава на северот од окупираниот Западен Брег, според Министерството за здравство на Газа предводено од Хамас и палестинскиот Министерство за здравство на Западниот Брег.

Според Министерството во Газа, најмалку 20.915 Палестинци се убиени, главно деца и жени, во повеќе од 11 недели борби во Појасот Газа, пренесе Би-Би-Си.

Шест Палестинци загинаа рано утринава, а неколкумина се повредени во операција на израелската армија кај Тулкарем на северот на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, објави „Тајмс оф Израел“.

Како што се наведува, тешко повредените се пренесени во болницата во Тулкарем.

Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека израелската армија го нападнала Тулкарем со дрон.

Истовремено, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека во борбите на северот на Појасот Газа загинале уште тројца војници, со што бројот на израелски војници загинале во Газа на 164.

Би можело да ве интересира

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах