Митева: Над 1000 вработувања на 4 месеци пред избори, Ковачевски да не се надева дека ова ќе го намали нивниот пораз

Од:

Власта не престанува да ги злоупотребува институциите и да ги користи како ресурс за предизборен поткуп. Над 1000 вработувања вкупно на само неколку месеци пред избори. Покрај 7 години манипулација и омаловажувања на народот, за крај им приредуваат тронка надеж преку уште едно лажно ветување, додека тие ги гледаат граѓаните само како гласачка машинерија вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– 500 вработувања само во ЕСМ и над 500 вработувања низ различни институции. Брутален поткуп и играње со чувствата на народот. Се дрзнуваат да го злоупотребат и нискиот животен стандард, сиромаштијата и маката на народот, само за глас повеќе, но не за да победат, туку за да го намалат изборниот пораз. Замислете, толку години власт не направиле процена дека има недостаток на кадар туку баш сега, еве Државниот пазарен инспекторат вработуваат 29 лица. Тоа е институцијата која не успеа да воспостави ред и беше злоупотребувана за политички цели. Исто така, ништо помалку во оваа тура вработувања не смее да биде ниту првиот вицепремиер Артан Груби каде во неговото министерство за политички систем предвиделе нови 15 вработувања. Се прашуваме дали овие лица физички ќе бидат ангажирани да работат во Министерството за политички систем, а ќе зимаат плата додека работат за нивните портали? Понатаму Министерството за транспорт и врски ќе вработува 9 лица. Министерството кое што не успеа да заврши ниту еден проект, а не пак да започне некој нов. Се прашуваме дали Благој Бочварски ќе ги ангажира сите овие 9 лица само со надлежности за раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, рече Митева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти