Поддршката за зачленување на Шведска во НАТО е зголемена, но мнозинството шведски граѓани и понатаму се изјаснуваат против членството на нивната земја во Алијансата.
Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето Трансатлантски трендови, спроведено од страна на „Џерман Маршал фонд оф УСА“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Триесет и шест проценти од шведските испитаници изразуваат симпатии за членството во НАТО, а што е за 12 отсто повеќе во споредба со лани. Педесет и шест отсто се противници на пристапувањето кон Алијнасата во споредба со 69 отсто во 2012 година.