Поскапуваат горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53% во однос на одлуката од 22.12.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,950%, кај дизелот за 6,048%, кај екстра лесното масло за 6,037% и кај мазутот зголемувањето е за 0,567%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,119%.

Од 26.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,075 (денари/килограм)

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,138 ден/кг и сега ќе изнесува 42,075

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Бензините поевтинуваат за половина денар по литар

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата