Несторовиќ за демонстрациите во Белград: Ова личи на сценарио од 2000 година

Од:

Бранимир Несторовиќ, кој е на чело на листата „Ние – гласот на народот“, за „Новости“ ги коментираше тековните демонстрации во Белград.

„Што може да се каже за ова? Тоа што го кажав и вчера – Мајдан. Тоа се обидуваат да го направат. Видовте дека овие студентски организации имаат знаме со тупаница, а што е тоа – антифа на Сорос. Мислам дека ова вечерва е генерална проба, а утре ќе ескалира“, вели Несторовиќ за „Новости“.

„Иронично е што листата наречена „Србија против насилството“ користи насилни методи. И самите видовте како ги кршат вратите на собранието“, вели Несторовиќ и додава:

„Ова личи на сценарио од 2000 година. Утре ќе се сретнеме и ќе разговараме на оваа тема, но што се однесува до овој изолиран случај, мислам дека ќе ескалира, бидејќи ако сега не се откажат, тогаш тие ќе го изгубат значењето и можат да одат во политичка пензија“, рече Несторовиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он