(ВИДЕО) Демонстрантите во Србија сакаат да влезат во зградата на Градското собрание, го пробија влезот, фрлија солзавец

Од:

Граѓани на Србија од опозицијата собрани околу коалицијата „Србија против насилство“ протестираат пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград.

Студентите кои протестираа побараа од претседателот на Србија Александар Вучиќ до денеска да ги исполни нивните барања и порачаа дека во спротивно во понеделник ќе го блокираат цел Белград. Од Министерството за државна управа и локална самоуправа побараа проверка на избирачкиот список, а дадоа рок до понеделник за одговор – во спротивно најавуваат блокада на главниот град.

Да потсетиме, опозицијата и студентите веќе неколку дена протестираат пред зградата на РИК, а потпретседателката на ССП, Мариника Тепиќ, седум дена по ред штрајкува со глад. Во штрајкот ѝ се придружија уште шестмина поранешни пратеници и претставници на коалицијата Србија против насилството.

Претставниците на „Србија против насилство“ околу 19 часот се обидоа да влезат во зградата на Градското собрание на Белград, но вратата била заклучена. По 15-тина минути повторно го пробале истото, а со рачка за знаме го скршиле влезот во зградата. Полицијата целосно го блокирала влезот на Градското собрание, а од прозорецот бил фрлен солзавец, јавува Нова.рс.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени