Донесовме одлука дека нема да коалицираме со никого, никого нема да поддржиме и нема да правиме компромиси, рече Бранимир Несторовиќ од листата „Ние, гласот на народот“ во врска со изборите во Белград и додаде:
„Немаме потреба да одлучуваме, а атмосферата е создадена да одлучуваме за нашата судбина. Нека се повторат изборите во Белград“.
Несторовиќ претходно изјави дека оваа листа нема да биде во никаква коалиција или договор со опозициската листа „Србија против насилството“.