Опасен астероид со должина од 1 километар ќе помине денеска покрај земјата, но сепак тоа не е крајот на светот.
Астрономите велат дека не постои причина за паника, бидејќи растојанието е безбедно, астероидот на Земјата најмногу ќе и се доближи до точка која е 14 пати подоалеку отколку што е Месечината.
„Овие објекти се класифицирани како опасни само за параноичните луѓе кои „навиваат“ за крајот на светот. Земјата не е изолиран остров каков што го доживувавме порано во историјата. Сега знаеме дека судирите со кометите и астероидите полека само ја менуваат нашата биосферата“, изјави Боб Берман, автор на магазинот „Астрономија “.
Поминувањето на астероидот најверојатно ќе биде достапно да се види и на интернет преку сателитските камери во вселената.