ЦУК: Да не се палат ниви и диви депонии, се уште има пожари на отворен простор

Од:

Во последното деноноќие пожарникарите од Штип и од Велес интервенирале на запалена ниска вегетација во Штипско и Велешко. Пожарникарите од Скопје интервенирале на запалено ѓубриште на површина од 50 квадратни метри во село Бардовци, Општина Карпош, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК апелира да не се палат стрништа на нивите, да не се палат отпадоци и диви депонии во овој период од годината кога има загаден воздух во Скопје и во други градови.

– Тоа, покрај што е законски забрането, е од причина што палењето – пожарите на отворен простор се уште ги има. Мал број се, но, ги има, наведуваат од ЦУК.

Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1.876 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 39,82 отсто, а 60,18 отсто други, именувани како „неитни повици“.

Кон полиција биле упатени 58,55 отсто од повиците, кон итната медицинска помош 35,64 отсто, кон пожарникарите 2,55 отсто, а кон АМСМ 0,36 отсто од повиците од 112.

Би можело да ве интересира

Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484

Дел од повредените ќе се пренесуваат во болници во европски држави

60 пожари на отворено во викендот, ЦУК апелира да не се палат стрништа

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Спасен чешки повреден скијач на Шар Планина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгоре магацин за полиестер, повреден пожарникар

ЦУК: Две спасувачки акции викендов на Шар Планина, спасени шестмина планинари

А1он