Хамас, милитантната група која го контролира Појасот Газа, вели дека нема да има дополнително ослободување на заложниците додека Израел не се согласи на „целосен прекин на агресијата“, пренесува Би-Би-Си.
Израел соопшти дека убил повеќе од 2.000 борци на Хамас во Газа од прекинот на огнот, кога беа ослободени повеќе од 100 заложници. Се верува дека околу 120 луѓе киднапирани на 7 октомври се уште се во заробеништво во Газа.
Продолжуваат напорите во Обединетите нации да се донесе резолуција за војната.
САД соопштија дека сè уште имаат сериозна загриженост за нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, а гласањето беше одложено.
Хамас врши притисок врз Израел целосно да ја прекине војната, но без никаква гаранција дека групата ќе престане со своите вооружени акции. Затоа, израелската влада не сака да престане да се бори додека не почувствува дека целосно ја деградирала способноста на Хамас, а тоа сè уште не го сторила.
Ова ќе биде огромно разочарување за луѓето од Газа, кои очајно сакаат оваа војна да престане.