Четиригодишно момче е избодено до смрт во семејна куќа во источен Лондон, а за неговото убиство е уапсена жена (41), пишува Дејли мејл.
„Ова е исклучително вознемирувачки инцидент што ќе предизвика шок и неверување кај локалната заедница и кај сите што присуствуваа на местото на настанот“, рече главниот детективски надзорник Џејмс Конвеј.
Тој изјави дека се уште се утврдуваат околностите под кои починало детето.
„Специјалистите од нашиот тим за убиства напредуваат во истрагата и продолжуваат да работат на утврдување на околностите на смртта на детето и на настаните што доведоа до овој трагичен настан“, додаде тој.