Шкријељ: Финансиска поддршка до 10.000 денари за ранливите граѓани во наредните пет месеци

Од:

Во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци помагаме повеќе за надминување на потешкотиите. По 2.000 денари месечно во наредните 5 месеци добиваат над 16.000 наши социјално ранливи граѓани вели пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

– Финансиска поддршка по 2.000 денари во наредните 5 месеци добиваат корисниците на правото на надомест заради попреченост, посебен додаток, самохрани родители приматели на Гарантиран минимален приход. За оваа финансиска поддршка нема потреба граѓаните да аплицираат, ќе ја добијат директно на сметките. За ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари исто така обезбедивме финансиска поддршка. По 1.800 денари месечно во наредните 6 месеци добиваат учениците од средно училиште или вкупно тоа се 10.800 денари по ученик. Учениците од основното образование, добиваат по 1.200 денари месечно до крајот на школската година или вкупно тоа се 7.200 денари. Повеќе за сите и поголема поддршка на учениците од ранливи семејства, грижа за нив и за нивната социјална сигурност, рече Шкријељ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали под бугарски диктат Сиљановска и министрите ги објавија сликите без знаме?

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром