Тропската бура Мануел што се формираше во источниот дел од Тихиот Океан, прерасна во ураган и според експерти, ќе се засили уште повеќе и се приближува кон Мексико.
Северниот дел од ураганот се наоѓа во близина на мексиканскиот брег посочува американскиот Национален центар за следење урагани.
Американските експерти прецизираат дека Мануел е на околу 30 км југозападно од Алтала и на 165 км југоисточно од Лос Мочис.
Ураганот е придружуван од ветрови со брзина од 115 км/час и се движи на север со брзина од 7 км/час. Можно е негово интензивирање пред да ја погоди државата.