Левица: Прифатена иницијативата за укинување на етничката графа во изводите

Од:

Обидите за дезинтеграција на македонската нација и држава, преку сецесионизмот на т.н. ‘албански партии’ кој го дозволуваат СДС и ДПМНЕ, со крајно десничарски и нацистички практики за сегрегација и поделба на општеството – со поткопување на концептот за една држава една нација, се оди на редефинирање на државниот концепт преку апартхејдски политики. Левица одлучно се спротиставува на овие погубни процеси.

Откако Левица, преку претставки до Уставниот суд, го оспори Упатството за водење матични и Законот за матичната евиденција, но истовремено предложи и времена мерка во изводите на родени, венчани и умрени да не се впишува националност, Уставниот суд пресече – од денес нема впишување на националност во изводите, се до конечната одлука на судот.

Истовремено, Уставниот суд одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на одредбите од Законот за матична евиденција со кои се предвидува национална графа во изводите за родени, венчани и умрени. Претходно, исто по иницијатива на Левица, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на Упатството за водење на матични книги, донесено од страна на министерот за правда, Кренар Лога, кое има единствена цел да се протне двојазичноста и графата за „националност“ во новите изводи на родени.

Со ова, Левица и Уставниот суд задаваат удар на етно-трибализмот, кој во недостиг на идеи за подобрување на животот на граѓаните и со цел разградување на македонското национално единство, го промовираат криминалните партии ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, а кои преќутно го поддржуваат анти-македонската СДС и лажните патриоти од ДПМНЕ.

Потсетуваме дека ваков обид да се вметне етничката припадност во личните документи, власта на СДСМ и ДУИ – за што имаше и согласност од останатиот член на широката коалиција ВМРО-ДПМНЕ – имаше со Предлог-законот за лични карти, кој пратениците на Левица во Собранието го блокираа преку филибастеринг, поднесувајќи над 1200 амандмани.

Овие неуставни одредби во Законот за матична евиденција датираат од 1996 година, но никој досега пред Левица не се осмелил да се спротистави на оваа анти-европска и дискриминаторска практика на впишување на етничката припадност на граѓаните во јавните исправи. Со појавувањето на Левица на политичката сцена, конечна има партија која се спротиставува на обидите за спуштање на македонската нација на ниво на етникум, со што постепено се одзема нејзиното право да управува и ја развива и унапредува својата национална култура и посебност на оваа територија за чија слобода се дадени безброј жртви.

Го повикуваме Уставниот суд, што поскоро да донесе конечна одлука по Иницијативата на Левица и да го прекине процесот на дејтонизација на Македонија со тоа што ќе донесе конечна одлука дека двојазичноста и „националната“ графа во изводите ќе ги прогласи за неуставни, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“