Педесет и осум луѓе се сметаат за исчезнати во лизгање на земјиште во планинско село во јужно Мексико, изјави мексиканскиот министер за внатрешни работи Мигел Осорио Чонг.
Во селото Ла Пинтада во државата Герего исчезнале 58 луѓе, спасени се 344 меѓу кои голем број се повредени.
Чонг предупреди за нови појави на лизгање на земјиште.
Од саботата Мексико е погодено од тропски бури кои досега предизвикаа смрт на над 80 луѓе.