Сараево е убедливо најзагадениот град во светот вечерва, покажуваат податоците на веб-страницата IQAir.
Индексот на загаденост моментално е 360, што значи дека воздухот е опасен по животот, пренесува Klix.ba.
Концентрацијата на ПМ 2,5 честичките во воздухот моментално е 61,6 пати поголема од упатствата за квалитетот на воздухот поставени од Светската здравствена организација (СЗО).
Меѓу најзагадените градови во светот вечерва, освен Сараево, се Калкута и Делхи (Индија), Дака (Бангладеш) и Лахоре (Пакистан).