Зеленски: Армијата побара мобилизација на уште 450-500 илјади луѓе

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека армијата побарала мобилизација на уште меѓу 450 и 500 илјади луѓе, но дека конечната одлука се уште не е донесена.

Украинскиот лидер на прес-конференција во Киев одржана по повод крајот на годината рече дека армијата и владата ќе разговараат за ова „многу чувствително прашање на мобилизација“ и дека потоа ќе биде испратено на разгледување во Парламентот.

Мобилизирањето на таков опсег ќе бара и дополнително финансирање, додаде тој.

„Тие предложија мобилизација на дополнителни 450 до 500 илјади луѓе. Ова е многу сериозна бројка“, рече Зеленски и додаде:

„Одговорив дека ќе ми требаат дополнителни аргументи за да го поддржам таквиот потег. Затоа што, пред се, се работи за луѓе, второ, се работи за правичност, одбранбени способности и финансии“.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он