Германија: Поради нерегуларности, судот нареди повторување на парламентарните избори во Берлин

Од:

Сојузниот уставен суд на Германија денеска нареди делумно прегласување во Берлин на изборите за Бундестагот одржани на национално ниво во 2021 година поради нерегуларности забележани на многу избирачки места.

Судот одлучи дека изборите мора да се повторат во 455 од 2.256 изборни единици во Берлин, главниот град на Германија и една од нејзините 16 сојузни покраини, пренесува АП.

Федералните избори, кои се одржаа истиот ден во Берлин, беа повторени во целост во февруари годинава.

На 26 септември 2021 година, Берлин одржа федерални избори, избори за 12 општински собранија на градот, национални избори и локален референдум.

Истиот ден се одржа и Берлинскиот маратон, што дополнително ги зголеми логистичките тешкотии.

Пред многу избирачки места се формираа долги редици, додека гласачите имаа проблеми со дополнителни гласачки ливчиња.

Некои избирачки места останаа без гласачки ливчиња во текот на денот, а други добија ливчиња за погрешна област, што резултираше со голем број неважечки ливчиња.

Како проблем се појави и тоа што излезните анкети беа објавени додека некои гласачи се уште чекаа на ред да гласаат кога гласачките места се затворија во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ