Бројот на жртвите од поплавите во јужно и централно Мексико достигна 57 лица, а тропската бура Мануел, што ги предизвика поплавите, повторно добива на сила над Тихиот Океан.
Мексико може повторно да биде погодено од двоен удар од бури. Над источниот полуостров Јукатан се формира ново тропско атмосферско нарушување, а Мануел, откако ослабна над Акапулко, повторно ја постигна јачината на тропска бура над Тихиот Океан.
Се очекува Мануел да мине над долна Калифорнија во западниот дел на земјата.
Жители на отсеченото од светот летувалиште Акапулко разграбувале продавници. Две од најголемите мексикански авиокомпании оддржуват по два лета на час од Акапулко, за да помогнат во евакуирање на туристите. Формиран е и воздушен мост од страна на Военото воздухопловство. До овој момент се евакуирани околу 2.750 лица.
Властите предупредуваат дека отворањето на автопатот меѓу Мексико Сити и Акапулко може да одземе уште два дена. Главната магистрала беше зафатена со најмалку 13 свлечишта од земјена маса.
Околу 23.000 домови во Акапулко останаа без струја и вода, а продавниците во овој град со речиси 800.000 жители се речиси празни.