Мицкоски: Марија Габриел им ја плесна вистината, власта лаже дека уставните измени се последна пречка

Од:

Марија Габриел им ја плесна вистината во очи, тоа е вистината за која што јас и ВМРО-ДПМНЕ ја зборуваме година и половина. На јавна сцена се виде дека Маричиќ, Зечевиќ, Ковачевски, Ахмети, Османи, Груби го лажат народот во Македонија дека ова е последната пречка, не е последната, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавата на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел дека уставните измени не се единствен услов.

Мицкоски посочи дека ова е само почеток на проблемите кои следат затоа што без општествена поддршка и без консултации со опозицијата потпишаа договор со цел да го завршат својот проект две години власт.

– Едниот да биде премиер, другиот генерален секретар, а останатите да станат милионери на грбот на македонските граѓани, тоа беше проектот. Сега имаме сега сите ние проблем кој за жал повторно ќе треба ВМРО-ДПМНЕ да го решава но и граѓаните во Македонија во периодот кој следи. За ова зборувавме повеќе од година и половина, за ова предупредувавме и за жал со тоа што го направија, направија огромен проблем за сите нас, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно откако ќе ја формира новата влада да разговара за нешто што претставува достоинствено решение и достоинствено сценарио.

– Од друга страна видовме дека правилото на едногласие во рамките на ЕУ се замени со правило на празна столица или правило на недостасува еден член. Очекувам дека и ЕУ, но лидерите доколку навистина сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и да престане оваа голгота што трае повеќе од две децении каде Македонија, македонскиот идентитет и народ се предизвикани од страна на некои неразумни соседи со нивните политики, ќе ве потсетам тоа се започна со ветото кое го добивме поради спорот со името, а потоа идентитетските проблеми со нашиот источен сосед, видовме дека можело да се носат одлуки доколку имаме разумни лидери во рамките на ЕУ. Очекувам разум и дека наскоро ќе биде отстрането ова вето и дека Македонија наскоро ќе ги почне преговорите она кое што и припаѓа многу одамна, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека имаме многу внатрешни проблеми, но што се однесува до оние отстапки кои се направија сите заедно членки на ЕУ ги немаат направено.

Би можело да ве интересира

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

Судски совет за изјавата на Мицкоски: Судската власт е самостојна и независна, секое мешање носи сериозна опасност по демократијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел