ВИДЕО: Одговорноста за убиените заложници ја презеде началникот на Генералштабот на израелската армија

Од:

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ја презеде одговорноста за случајното убиство на тројца израелски заложници во Појасот Газа од тројца израелски војници.

„Армијата и јас, како нејзин командант, сме одговорни за она што се случи и ќе направиме се што можеме за да спречиме вакви случаи да се повторат во идните битки“, рече тој во видеото објавено на социјалните мрежи.

Тој јасно кажа дека не треба да се пука врз луѓето со бели знамиња кои сакаат да се предадат. Халеви нагласи дека кога биле убиени заложниците биле прекршени правилата за борба.

„Тројцата заложници направија се за да ги препознаеме како такви – ги соблекоа кошулите за да видиме дека немаат појаси со експлозив и дека држат бело знаме“, призна Хелеви.

Истовремено, тој посочи дека војниците се во зоната на активни борбени дејствија. Терористите таму дејствуваат во цивилна облека и секоја одлука може да направи разлика помеѓу животот и смртта во дел од секундата.

Би можело да ве интересира

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Катерина Ѓуровски

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огромни експлозии во предградијата на Бејрут, десетици мртви и околу 150 ранети

Катерина Ѓуровски