Неверојатни сцени се случија за време и по одбојкарскиот натпревар меѓу турските клубови Беледије и Нисер Хотел Волејбол, откако локалните навивачи ги нападнаа гостинските одбојкарки со стаклени и пластични предмети, шишиња и чаши.
Навивачите на Беледије од трибините фрлаа предмети на теренот, а некои одбојкарки на Ницера се здобија со сериозни расекотини и ја напуштија салата облеани во крв.
‼️ Bu rezil görüntüler, Voleybol Kadınlar 1. Lig’indeki İmamoğlu Bld. – Nicer Hotel Voleybol maçının sonuna ait.
Kameraya doğru sekerek gelen ve çığlıklar atan sporcunun adı Berfin Aslan. Sahaya gelen yabancı maddelerden birisi bacağını yardı ve 5 dikiş atıldı. pic.twitter.com/Gkit29AH19
— Koray Baloğlu (@koraybaloglu) December 13, 2023
Одбојкарките кои се здобија со расекотини беа однесени директно во болница, а новиот срам од спортските терени во Турција повторно привлече големо медиумско внимание ширум светот.
Инцидентот се случи само неколку дена откако Фарук Коча, претседателот на Анкарагучу, влезе на теренот по мечот со Ризеспор и го претепа судијата Халил Умут Мелер.
Во случајот со претседателот на Анкарагучу веднаш беа воведени санкции, па Фарук Коча беше суспендиран на пет години, а клубот од Анкарагучу е казнет со 60.000 евра.