Првиот голман на Челзи, Роберт Санчез, ќе мора да паузира одреден период поради повреда на коленото.
Како што беше објавено на веб-страницата на Челзи, Санчез го повреди коленото на минатонеделниот натпревар против Евертон, кога на крајот од натпреварот беше заменет со Петровиќ. Не е прецизирано колку долго Шпанецот ќе треба да паузира, но се нагласува дека е под близок надзор на специјалист.
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино може да смета на Ѓорѓе Петровиќ, Маркус Бетинели и Лукас Бергстром по повредата на голманот Санчез.