Песков: Одлуката на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија може да ја дестабилизира Унијата

Од:

Русија денеска објави дека одлуката на Европската Унија да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија е политичка одлука која може да ја дестабилизира Унијата и ја пофали Унгарија што и се спротивставува.

„Преговорите за пристапување во ЕУ може да траат со години и децении. ЕУ отсекогаш имала строги услови за пристапување и сосема е јасно дека ниту Украина ниту Молдавија не ги исполнуваат критериумите“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Јасно е дека ова е апсолутно политичка одлука, дека ЕУ сакаше да се солидаризира со овие земји. Сепак, таквите нови членки може да ја дестабилизираат ЕУ и, со оглед на тоа што сме на истиот континент, секако дека внимателно ја следиме” тој додаде.

Европските лидери на самитот се согласија да ги отворат преговорите со Украина иако таа моментално е во војна со Русија, која рече дека војната ќе продолжи додека не ги исполни своите цели. Лидерите го надминаа противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан со напуштање на салата во моментот кога се гласаше за историскиот чекор, што Песков го коментираше со иронија.

„Тоа е уникатен случај, да се чека некој да излезе на кафе, а потоа да се носат одлуки во негово отсуство“, рече тој.

ЕУ, исто така, се согласи Грузија, која како Украина и Молдавија е поранешна советска република, да стане кандидат за членство.

„За наша несреќа, желбата на ЕУ да ја покаже оваа политичка волја во голема мера е детерминирана од желбата да ја изнервира Русија што е можно повеќе и да ја антагонизира ЕУ во однос на Русија“, рече Песков.

Поради унгарската блокада, самитот не можеше да се договори на 50 милијарди евра за помош на Украина.

– Унгарија има свои интереси и за разлика од многу други земји-членки цврсто ги брани, импресионирани сме од тоа – рече Песков.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС