Обама: САД се подготвени за решавање на иранското нуклеарно прашање по мирен пат

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го информирал својот ирански колега преку размена на писма дека САД се подготвени да го решат нуклеарниот спор со Иран на начин кој покажува дека Техеран не се обидува да произведе нуклеарно оружје.

– Во писмото претседателот Обама нагласи дека САД се подготвени да го решат нуклеарниот проблем на начин кој ќе му дозволи на Иран да докаже дека неговата програма е исклучително за мирни цели, изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

Тој додаде дека е изразена неопходност итно да се разговара по ова прашање, бидејќи се уште има време тоа се реши по дипломатски пат, меѓутоа таа можност нема да трае вечно.

Би можело да ве интересира

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро