Макрон веќе не му се јавува на Путин

Од:

Владимир Путин вели дека францускиот претседател Емануел Макрон ги прекинал сите врски со него, но рускиот претседател ја оставил отворена вратата за повторно воспоставување на односите.

Пред војната во Украина, Макрон се претставуваше како преговарач меѓу Западот и Русија. Францускиот претседател отпатува за Москва неколку недели пред руската инвазија, во последен обид за деескалација на тензиите, пишува Politico.

Во четвртокот, за време на годишната прес-конференција и настанот „Директна линија со Владимир Путин“, новинар од францускиот канал TF1 го праша за неговата сегашна врска со Макрон.

Путин рече дека тие имале „прилично добри работни односи“ и „тој е подготвен за понатамошна соработка со Франција“ за билатерални и глобални прашања. Но, додаде:

„Во еден момент францускиот претседател ја прекина врската. Ние не го направивме тоа, не бев јас. Тој го направи тоа. Ако покаже интерес, ние сме подготвени. Ако не, ќе се справиме”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски