Јакимовски: Сообраќајната незгода кај Ласкарци претставува акумулација на голем број пропусти

Од:

Во Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител Дарко Јакимовски денеска започна со завршните зборови во врска со случајот „Ласкарци“ кој се однесува на несреќата што се случи во 2019 година и во која загинаа 16 граѓани.

На почетокот од воведните зборови, обвинителот нагласи дека овој настан има своја генеза, развој и епилог и претставува акумулација на голем број пропусти.

– Постои цел корпус на безбедносни задолженија и обврски кои овие обвинети во континуитет не ги почитувале. Останува само овие пропусти да бидат казнети, рече тој.

Според него, сите вештаци на кои обвинителството ги темелело доказите, во ниту еден момент не калкулирале со доказите, а во другите вештачења, како што рече, се само препишани пресметките.

– Ниту еден факт не е доведен под сомнение од одбраната на начин познат и признат од сообраќајната наука, рече обвинителот.

Тој даде осврт и на одбраната на обвинетите, при што, како што рече „никој од одбраната не негира дека нема вина“.

– Но, според одбраната на секој обвинет во оваа незгода, одговорноста за сите пропусти ја префрла на некој друг, рече обвинителот.

Јакимовски посочи дека доколку се анализира одбраната на првите петмина осомничени, се добива впечаток дека сѐ зависело од шестоосомничениот – возачот на автобусот.

– Ако, пак, се проучи одбраната на шестообвинетиот, се покажа како во автобусот воопшто да немало возач, рече обвинителот.

Тој нагласи дека вина за оваа сообраќајна незгода имаат сите обвинети.

Обвинителот потоа продолжи со детална анализа на одбраната на сите обвинети.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески