СДСМ: Со нас има повеќе за сите, 1.200 до 1.800 денари месечно за 105.000 ученици

Од:

Со СДСМ има повеќе за сите, младите добиваат повеќе. Новиот пакет антикризни мерки обезбедува поддршка за 105.000, ученици од основно и средно образование, чии семејства имаат ниски примања до 50.000 денари месечно за период од шест месеци. До завршување на училишната година 70.000 ученици од основните училишта ќе добијат 7.200 денари, односно по 1.200 денари месечно, велат од СДСМ.

– Во истиот период 35.000 средношколци ќе добијат 10.800 денари или по 1.800 денари месечно. За 15.000 студенти, кои живеат надвор од местото на студирање се обезбедни се ваучери за превоз во вредност од 600 до 1.200 денари. Од следниот семестар, субвенционираниот студентски оброк ќе се плаќа неделно, со што студентите ќе имаат на располагање по 840 денари секоја недела. СДСМ на дело ја покажува грижата за младите, за учениците, за студентите, за сите граѓани – изјавија од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати