Шест лица загинаа во вооружен конфликт меѓу ривалски нарко картели во државата Закатекас во северниот дел на Мексико, соопштија денеска локалните власти.
Државниот совет за безбедност на Закатекас објави дека телата се пронајдени во рурална област на таа држава и дека загинатите припаѓаат на една од бандите, која не ја именуваа.
Полицијата пронашла двајца ранети, како и еден осомничен и поголемо количество оружје.
Според соопштението, ранетите се пренесени во болниците на понатамошно лекување.
Тие, исто така, пронајдоа некој вид камп што го користеа картелите за обука и задржување на жртвите на киднапирањaта.
Советот соопшти дека кампот бил уништен за да се спречи повторно да се користи.
Закатекас долго време е сцена на крвави конфликти меѓу ривалските картели Халиско и Синалоа, кои често функционираат преку локални банди.