Вељановски: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 4.000 амандмани со кои времено ќе биде спречено носењето на ДУП-овите за „Алумина“, Влае, Млечен

Од:

Можете да бидете спокојни, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе ги спречи сите обиди за носење на криминални ДУП-ови кои ќе изродат нови бетонски чудовишта во Карпош.

Битката за Карпош не се добива со реакции на социјалните мрежи, затоа решивме да излеземе во пресрет на огромниот број на реакции и иницијативи кои стасуваат до нас деновиве од видно вознемирените граѓани на Карпош.

Оваа битка ќе ја продолжиме во Советот на Општината.

Денес поднесуваме 4.000 амандмани со кои времено ќе биде спречено носењето на Буџетот на Општина Карпош, но и спречено носењето на ДУП-овите за „Алумина“, Влае, Млечен и серија други ДУП-ови кои стојат на брзата трака за реализација до февруари.

Овие налудничави обиди мора да бидат спречени. И затоа времено ќе го блокираме носењето на Буџетот на Општина Карпош. Буџетот на Општина Карпош мора да биде креиран за потребите на граѓаните на Карпош.

Имајќи ги в предвид проекциите за приходите од комуналии во Буџетот, надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 190 милиони денари јасно е дека Општината има цврста намера да ги донесе и реализира овие ДУП-ови.

Градоначалникот Стевче Јакимовски нека си игра со СДСМ и градежната мафија, наспроти нив стоиме ние ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со граѓаните на Карпош. Ние остануваме доследни на концептот за хумана урбанизација и квалитетно секојдневие на карпошани. Граѓаните и јавниот интeрес се сигурни со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито