(ВИДЕО) Јаневска: СДС и ДУИ спремаат поткуп на студентите и учениците со право на глас на претстојните избори!

Од:

Криминално – расипничкото политичко дуо СДС и ДУИ најавија наводно нови мерки со кои ќе ги поддржеле учениците и студентите во државата, за да им го олеснеле учењето и тоа токму пред претстојните избори. Ќе даделе по 1200 денари во следните 6 месеци за 105 илјади ученици од социјално загрозени семејства. Тоа се кумулативно 7200 денари, колку што чини едно пазарење на храна за едно семејство да може да преживее една недела. Срамно и недолично, рече Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

– Но, тука има и еден друг момент. Одиме со проста математика. Во државата има 250 илјади ученици. Ако Владата дава поддршка на 105 илјади ученици од социјално загрозени семејства, тоа значи дека речиси половина од учениците живеат во сиромаштија токму поради лошите политики и грабежите на СДС и ДУИ, кои сега ќе ги збогателе со по 1200 месечно во период од половина година.

Самите се издаваат колку го осиромашиле народот и очекуваат од истиот да ги гласа на избори. Како што соопштија, по 600 денари ќе давале на студенти што студирале надвор од нивното место на живеење. Ја навредуваат интелектуалната маса и иднината на оваа држава. Владата уште не им ги исплатила стипендиите што им следуваат за оваа година. Им скратија по еден оброк од студентските домови, а воведоа наводно дополнително право – субвенциониран студентски оброк, но и тоа не им се исплаќа редовно, а скратено им е на огромно мнозинство еден куп студенти, така што кумулативно студентите се оштетени. Но СДС и ДУИ немаат гајле, веќе најавуваат нови лаги и даваат нови ветувања. Замислете, 15 илјади студенти ќе добивале по 600 денари месечно до крај на академската година. Премногу, премногу мизерно и бедно!

Ќе давале и ваучери за туризам за студентите. Откако успеаја да натераат цели генерации да се иселат од државата, сега на тие што останале ќе им давале ваучери и ќе го развиваат туризмот. Ве се молам! Во името на ВМРО–ДПМНЕ, апелирам го учениците и студентите, и до нивните семејства, да не наседнуваат на овие евтини трикови, тие се веќе видени. Ништо не добиле досега и нема да добијат од оваа Влада. Вистинската грижа ќе започне со промената на власта, која е на повидок. Ќе следуваат конкретни мерки со кои ќе се унапредува ученичкиот и студентскиот стандард и тоа од почетокот на мандатот на новата Влада, а не на крајот од мандатот како што овие сега прават во обид да останат во своите фотелји – истакна Јаневска.

Би можело да ве интересира

На неколку научни институти им се заканува затворање

Катерина Ѓуровски

Јаневска најави затворање на два института поради нерегуларности

Катерина Ѓуровски

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски

Јаневска контра Јакимовски: „Тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем