Претпладне слаб локален дожд и магла, во текот на денот сончево со мала облачност

Од:

Времето претпладне во западните и источните делови ќе биде со услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по котлините. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурата насекаде ќе опадне.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе е облачно, од среда ќе има пообилни дождови

Излевање на реки, одрони и полавени објекти по силните врнежи

Дождот направи проблеми: Поплавени подруми, одрони и затворени патишта

Катерина Ѓуровски

УХМР: Од вторник нестабилно време со дожд и силен ветер

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури