Катар ќе продолжи финансиски да ја поддржува Газа, како што тоа го правеше со години, изјави катарскиот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулазиз Ал-Хулаифи за Си-Ен-Ен.
„Нема да ја промениме нашата политика, која е постојана помош и поддршка на нашите браќа и сестри во Палестина. Ќе продолжиме систематски да ги поддржуваме финансиски како што правевме претходно“, рече шефот на катарската дипломатија.
Изјавата на катарскиот министер доаѓа во време на зголемен гнев во Израел поради годините што Катар му дава пари на Хамас. Катарските дипломати доаѓаа во енклавата секој месец со куфери со 15 милиони долари во готовина.
Испораките во готовина требаше да помогнат во плаќањето на државните службеници во Газа. Сликите од 2018 година покажуваат работници кои чекаат на ред за да добијат банкноти од 100 долари.