Прв вицепремиер ќе остане Груби: Ковачевски вели дека со закон е регулирано кои позиции се менуваат во техничката влада

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски не кажа директно дали функцијата прв вицепремиер ќе остане кај Артан Груби или ќе ја добие министер од СДСМ во техничката влада. Наместо директен одговор, кажа дека нема да има импровизации, бидејќи со закон е регулирано кои позиции се менуваат на 100 дена пред избори.

„Регулирано е согласно закон кои позиции се менуваат во владата. Предвидено е согласно закон за влада и согласно изборен законик, не може да се прави импровизација. Секое импровизирање може да фрла дамка врз целиот процес. Се работи за влада која треба технички да ги подготви изборите“, рече Ковачевски.

Според него, оставка на премиерот и формирање на влада која ќе ги подготви изборите е законска обврска која тој ќе ја исполни.

„Тоа е законска обврска. Како што е законска обврска на 100 дена пред одржување на изборите, претседателот на владата да поднесе оставка, што јас ќе исполнам оваа законска обврска исто како претходните премиери што ја исполниле законската обврска. Така и ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи свои кадри и да ја исполни законската обврска. Ако не го стори тоа, ќе фрли дамка врз изборите“, посочи Ковачевски.

Премиерот разговарал и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред тој да го предложи Талат Џафери за технички премиер.

„Ден пред одржување на седницата на претседателството на ДУИ јас имав интервју на кое што кажав дека не сме разговарале, но тоа не значи дека после тоа не сме разговарале. Да, јас со коалиционите партнери имам координација. Можевте да видите дека со најширок консензус беше договорен датумот на избори“, посочи Ковачевски.

 

Би можело да ве интересира

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски