Нема безбедни точки за цивилите во Газа тврдат Обединетите нации и Палестинците

Од:

Израел денеска го напаѓа Појасот Газа од север кон југ, во втората фаза од двомесечната војна против Хамас, откако САД ставија вето на повикот за примирје во Советот за безбедност. За резолуцијата со која се повикува на хуманитарен прекин на огнот, гласаа 13 од вкупно петнаесет членови на Советот.

Велика Британија се воздржа, а САД го искористија правото на вето за да ја блокираат резолуцијата. Поддршка дадоа сегашните непостојани членки на Советот – Албанија, Бразил, Еквадор, Габон, Гана, Јапонија, Малта, Мозамбик, Швајцарија и ОАЕ – и преостанатите постојани членки Франција, Русија и Кина.

Откако минатата недела заврши примирјето меѓу двете страни, Израел ја прошири својата копнена кампања на југ од Појасот Газа, со напад на најголемиот град на југот, Кан Јунис. Двете страни известуваат за пожестоки борби и на север.

Жителите на Кан Јунис денеска изјавија дека израелските сили им наредиле да напуштат друг округ, позападно од оној што го зазедоа минатата недела, што сугерира дека доаѓа нова офанзива. Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа веќе ги напуштиле своите домови, многу од нив неколку пати.

Борбите сега се во тек на целата територија, па жителите и агенциите на Обединетите нации предупредуваат дека сега нема безбедни точки во Појасот. Израел го тврди спротивното. Тој го блокираше бегството на Палестинците по главниот пат север-југ и наместо тоа ги турна кон брегот.

Во Кан Јунис загинатите и повредените во текот на ноќта ја поплавија болницата Насер. Тоа и болницата Ал Акса во Деир ал Бали известија за 133 убиени и 259 повредени во последните 24 часа, со што официјалниот број на загинати достигна најмалку 17.500, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах