Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Од:

Камерун остана без две ракометарки на кои им се изгуби трагата. По победата над Парагвај 26:23, Камерун се пласираше во втората фаза од натпреварувањето, но оваа селекција има само 14 ракометарки на располагање за второто коло. Причината за ова е што две ракометарки на оваа екипа исчезнаа пред почетокот на натпреварувањето.

Во втората фаза оваа ослабена селекција рутински беше поразена од фаворизираната Шведска, а Камерун на шампионатот дојде со 14 ракометарки, наместо 16 колку што е предвидено. Бенедикте Манга Амбаса и Маријана Бутамаг помеѓу пријателскиот натпревар во Кан на 26 ноември и првиот дуел на Светското првенаство со Црна Гора ја напуштија репрезентацијата на 30 ноември и оттогаш никој не ги видел.

„Почнав да ја читам веста дека исчезнаа две ракометарки. Ракометниот сојуз зборуваше за тоа, се обидоа да ги задржат ракометарките во Франција, но не се тие виновни што две од нив исчезнаа со сите свои работи. Тоа значи дека не се киднапирани, туку дека самите си заминале. Ова не е нешто ново за нас во Камерун“, изјави Леокадија Бонгбен, камерунска спортска новинарка.

Четири ракометарки од репрезентацијата на Камерун исчезнаа и во Србија уште пред Светското првенство во 2021 година. Тогаш тоа беа Јасмин Јухум, Клариса Маџуфанг, Мишел Екобена и Амелија Мвуа. Исчезнаа во групната фаза кога Камерун меѓу другото играше со Србија, а потоа си замина петтата Жисела Нколо и Камерун остана со 11 играчи за трите бараж натпревари.

„Не дека ги поддржувам младите да бегаат, но тие наоѓаат подобар живот на друго место. Кога ќе го погледнете од женска перспектива, можете да видите огромна разлика во платите. Ако една жена оди на натпревар како Светското првенство, што добива кога ќе дојде дома? Ништо што би можело да ги однесе некаде. Наоѓањето работа во Камерун за млад човек не е лесно и платите се околу 70 долари месечно. Што можете да направите за тие пари? И други млади луѓе бегаат од земјата , бегајќи преку морето и се слуша за многумина кои умираат или завршуваат во бегалски кампови. Тоа не е случај со фудбалерите бидејќи кога фудбалерот ќе се врати во Камерун може да купи автомобил и куќа со парите од Светското првенство Но, во ракометот е поинаку“, објасни Бонгбен.

Играчите од Бурунди неодамна исчезнаа на Светското првенство за јуниори во Хрватска, а сето тоа поради потрагата по подобар живот.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ